Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Најголемото летало во светот оштетено на своето второ патување

Видео: Најголемото летало во светот оштетено на своето второ патување

Најголемото летало во светот, хибрид цепелина, хеликоптер и авион, било оштетено при слетување после вториот пробен лет во источна Англија, соопштил нејзиниот произведувач. Компанијата „Хибрид ер вијклс“ соопштила дека се обидела да утврди која била причината за лошото слетување на 92 метри долгото летало за време на денешниот лет северно од Лондон.

Во соопштението на „Фејсбук“ стои дека немало повреди. Леталото „ерландер“ може да лета со денови. Направена е на тој начин да користи помалку гориво од авионот, но да може да пренесе потешка содржина. Ова летало првобитно било замислено за американската војска за надзор во Авганистан.