Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Убиј го Заев! Командата не се знае од кого доаѓа

Видео: Убиј го Заев! Командата не се знае од кого доаѓа

Во ново видео кое е објавено на интернет е прикажан дел од нападот врз пратениците од парламентарното мнозинство, каде маскираните напаѓачи и гневните демонстранти удираат и фрлаат со се што им дојде при рака. Во еден момент се слуша и извик Убиј го Заев, но не се знае од кого доаѓа командата. Секако, оваа снимка може да послужи во откривање на идентитетот на напаѓачите и нивно изведување пред правните органи.