Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Уапсен активистот Павле Богоевски при обид за герила акција, протест пред полициска станица

Видео: Уапсен активистот Павле Богоевски при обид за герила акција, протест пред полициска станица

Вечерва при обид да пушти транспарент од Камениот мост уапсен е активистот на Шарена револуција, Павле Богоевски. Тој бил дел од герила акцијата на Шарената револуција во која требало да спуштат платно од Камениот мост, за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај апсењето на Богоевски, полицијата ги туркаше и другите активисти кои беа дојдени со истата цел, а не беше дозволено ни да се помине преку Камениот мост, од каде првично Шарената револуција сакаше да го постави платното.
Активисти велат дека тој е пренесен во полициската станица „Пролет“. Според последните информации, активистите на „Шарена Револуција“ спонтано се собираат преку социјалните мрежи пред полициската станица „Пролет“, каде ќе бараат објаснување зошто е приведен Богоевски и бараат негово ослободување.