Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Снег ги покри Европа и Балканот, блокирани патишта во април

Видео: Снег ги покри Европа и Балканот, блокирани патишта во април

Во многу делови на Хрватска и Босна и Херцеговина падна снег, а според најавите на метеоролозите снег се очекува денеска и во Србија. Хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата се спуштила до еден степен. Снег паѓал на врвовите на ридот околу тунелот мала Капела, како и на подрачјето на Оточац, Језерана и Брињ, додека дожд паѓал во регионите на Задар и Шибеник, каде се забележани посилни налети на бура.

На планината Биоково во Сплитско-далматинската Жупанија уште во текот на попладнето почнал да паѓа снег, кој до вечерните часови премина во снежна виулица. На тој планински венец поради магла не е можно да се утврди височината на снежната покривка, а тоа го отежнува и силниот ветер, кој создава снежни наноси.
sneg balkan
Снегот во текот на вечерта почна да паѓа и на повеќе планини во БиХ, како и во Сараево. Босанските медиуми јавуваат дека Федералниот хидрометеоролошки завод соопштил дека снег паѓа и на Бјелашница и во Хан Пјесак.

Во поголемиот дел од Србија од неќеска почна да врне дожд, а претходно е најавено дека на повисоките делови во земјата ќе паѓа снег.

Жителите на Чешка, Полска и на Германија беа изненадени од невремето проследено со снег кое предизвика хаос во сообраќајот, посебно поради фактот што возачите веќе ги замениле зимските гуми на возилата со летни.
sneg germanija
Снегот го отежнува сообраќајот на автопатот кој ги поврзува Прага и Дрезден и тоа во пограничниот предел во планинскиот терен, каде паднале неколку сантиметри снег. Слична е состојбата и на истокот на Чешка.

Во бело, снежно утро се разбудиле и жителите на Варшава но, поради температурите над нулата снегот брзо се топи. Невреме и заладување во овој дел на Европа се очекува до крајот на неделата.

Според метереолозите снегот би можел да потрае и во следните неколку денови, а според нив до крајот на месецот не очекуваат уште три снежни бранови.