Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Силен земјотрес во Еквадор, најмалку 77 мртви

Видео: Силен земјотрес во Еквадор, најмалку 77 мртви

Најмалку 77 лица загинаа, а 588 се повредени во силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Еквадор. Според податоците на американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот кој е најсилен од 1979 година, се наоѓал 27 километри источно од Мусинеа, место кое е популарно меѓу туристите.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба и апелираше до жителите да не создаваат паника. Голем број на луѓе има затрупано под рушевините, а по земјотресот се случиле и голем број на грабежи. Властите наведуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува и дека материјалната штета е голема. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, предупреди на можни големи бранови на некои крајбрежја, но властите не издале предупредувања од можност за појава на цунами.