Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Шилегов упадна на прес на Чибишев

Видео: Шилегов упадна на прес на Чибишев

Пратеникот Петре Шилегов упадна на среде прес конференција на Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ којшто на новинарите им се обраќаше за станови кои ги купил Петре Шилегов. Шилегов влета пред камерите и го повика Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ да каже што не му е јасно околу становите кои се стекнати законски и во рамки на неговите примања.

„Нема ништо незаконито и спорно во имотот на Петре Шилегов. Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика“ – рече Шилегов.

Претходно денеска, тој држеше прес конференција на која ги покажа анкетните листови на Никола Груевски од 2014 и 2015-та година, за кои обвини дека екс-премиерот за една година се збогатил за скоро 119 000 евра.