Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Нема да не направите бегалци од сопствената држава

Шилегов: Нема да не направите бегалци од сопствената држава

Еднаш моето семејство го преживеа тоа и нема да дозволам повторно да се случи – им рече Петре Шилегов на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кој ги обвинија дека го сквернавеле споменот на децата бегалци од егејска Македонија.

„Јас сум бегалец од егејска Македонија, моето семејство еднаш го преживеа тоа и нема да дозволам повторно да се случи поради криминалното здружение кое владее во нашата држава и поради глупостите на фамилијата. Како можете да не обвините за тоа? Па вие сакате да направите бегалци од нас од нашата држава. Злото на ВМРО ДПМНЕ ќе го сотреме во корен“ – порача Шилегов.

Ова наиде на бурни реакции од ВМРО ДПМНЕ по што неколку пати реагираше претседавачот Трајко Вељановски. Потоа збор зема Илија Димовски кој индиректно му се извини на Шилегов.