Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Ако денес му понудиме амнестија на ВМРО-ДПМНЕ, ќе исчезне и платформата и протестите

Шилегов: Ако денес му понудиме амнестија на ВМРО-ДПМНЕ, ќе исчезне и платформата и протестите

Ако ние денеска на ВМРО-ДПМНЕ му понудиме амнестија, ќе исчезне платформата, ќе исчезнат протестите, рече во четврток вечер портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Ова е апсурдна ситуација. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ мoлат по Европа да бидат амнестирани нивните функционери. Целата држава е заложник на педестина криминалци. Мене ми е жал но Груевски не успеа да ја одбрани Македонија од криминалот. Затоа ќе бараме генерален резибор на судиите. Судството сега е партизирано и без професионален интегритет“, нагласи Шилегов.

Во врска со толкувањата на собранискиот Деловник, Шилегов со став дека нема разни толкувања.

„Сѐ е јасно во Деловникот, но ВМРО-ДПМНЕ упорно се обидува да даде поинакви толкувања, рече Шилегов во „Клик плус“ на ТВ 21.