Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУЈП ги чешла и сметките на Шилегов

УЈП ги чешла и сметките на Шилегов

Управата за јавни приходи ги испитува и сметките на актуелниот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. Се бараат детали за текот на парите за сите членови на семејството. Од УЈП велат дека истрагата е даночна тајна и од тие оричини не можат да соопштат повеќе информации. Претходно, беше обелоденето дека се проверуваат сметките на сите членови на семејството на поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.

„Ова е девета или десета истрага за имтот на моето семесјтво, која што партизираните институции на ВМРО ДПМНЕ ја спроведуваат. Ова е прв пат вака јавно да излезе. Во принцип мене ми е нејасно зошто тоа го бараат од 2012-та година, бидејќи јас сум должен, согласно Законот за спречување на корупцијата, да давам одговори пред институциите од моментот кога сум под нивна ингеренција, а тоа е од април 2014 година. Меѓутоа нема проблем, можат да се враќаат наназад колку сакаат. Имотната состојба моја и на моето семејство е транспарентна – изјави Петре Шилегов.