Saturday, Jun 6, 2020
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Село во Италија нуди 2.000 евра за секој што ќе се досели

(Видео) Село во Италија нуди 2.000 евра за секој што ќе се досели

5995454244_5d4ca3b6c3_b-1000x555

Раководството на селото Бормида во Италија понуди 2.000 евра за секој кој може да се пресели таму, во обид да се спречи ова место да стане “село на духови”.

Секој кој се пресели во Бормида, кој е на само 420 метри надморска височина во регионот Лигурија во западниот дел на Италија, ќе плаќа кирија од околу 50 евра. Бормида во моментов има околу 394 жители.

Иницијативата ја започна Даниел Галијано за дишење живот во селото, чиј број на жители во последниве години драстично се намали, затоа што младите луѓе го оставаат за да најдат подобра работа во најблискиот голем град Савона или подалеку.

Конечните детали на понудениот износ на пари, допрва треба да се утврди и одобри од локалното собрание, но ако се оди добро следната година секој кој што сака да живее во изнајмен или сопствен дом во Бормида ќе добие 2.000 евра.