Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) СДСМ бара одговорност за скандалозни ревизорски наоди за злоупотреби на субвенции

(Видео) СДСМ бара одговорност за скандалозни ревизорски наоди за злоупотреби на субвенции

„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, популарно наречена Платежна агенција, којашто треба да работи во интерес на земјоделците, на сомнителен начин делела и исплаќала субвенции! На ова не се жалат само земјоделци. На ова не укажува само СДСМ. Оваа потврда стигна и од овластениот државен ревизор за работа на Агенцијата! Ова е конечниот извештај на овластениот државен ревизор на финансиските извештаи на Платежната агенција за 2014 година, објавен пред само неколку дена“, изјави денеска Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ.

„Наодите на ревизорот во делот на субвенциите упатуваат на повеќе скандалозни сомневања. Агенцијата на нејасен начин определувала кој колкава сума субвенции треба да добие односно постоеле ризици при пресметување на висината на субвенциите. Агенцијата спроведувала сомнителни контроли на терен при што постоел ризик за поднесени неточни и невистините податоци од страна на некои т.н. корисници на субвенции. Ревизорот се сомнева дека Агенцијата правела исплати кои не се во согласност со условите и критериумите утврдени во програмата за финансиска поддршка во земјоделството“, рече Николовски.