Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Само Чавков не знаеше дека ќе се случи (најавениот од бина) упад во Собрание

Видео: Само Чавков не знаеше дека ќе се случи (најавениот од бина) упад во Собрание

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност се појави на Сител. Тој вели дека не му одговорил на Нухиу зошто се обидувал да ги добие другите колеги кои требало да интервенираат. Дури и да е така, зарем смее директор на ова тело да не може да си ги добие луѓето.

„До 18 часот, 32 припадници на БЈБ беа таму и беше зеднички констатирано дека нема опасност за нарушување на јавниот ред и мир. Јас немав сознанија дека се можни инциденти. Кога се обидувал да ме добие на телефон министерот, јас комуницирав со сите колеги да дојдат на работа, а Нухиу дојде 40 минути пред мене, јас интензивно до тогаш работев. Во 20 часот и 8 минути дојдов во Штабот и почнуваат моите наредби во Штабот за ангажирање на кордон за извлекување на пратениците и на сите внатре“, рече Чавков. Според ова сведочење на Чавков, полициските сили кои се под негова команда не можеле да интервенираат цели два часа. На Чавков дури и му е тешко да прочита дека никој немал сознанија за насилен упад.

Во петокот пак, Чавков изјави: „Имаше обид полицијата да го спречи влезот на иритираната и разгневена маса, но употребата на сила во тие услови можеше да значи десетици жртви. Полицијата отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека може да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредени лица“.

Чавков не бил подготвен за ваков инцидент зошто како што рече, 59 дена немало ниту еден инцидент. Сепак на овие протести имаше инциденти кога беа претепани новинари и во неколку наврати напаѓани медиумски екипи.

Да потсетиме, Стојанче Ангелов одржа долга прес конференција на која објаснуваше колку служби за интервенција има на располагање МВР и колку се тие подготвени да одговорат на секаква задача. Исто така, нагласи дека дел од службите биле намерно распоредени на друго место за да задоцнат.