Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Русија одлучи – Нема да учествува на Евросонг преку сателит

Видео: Русија одлучи – Нема да учествува на Евросонг преку сателит

Рускиот Канал1 ја одби понудата од Евросонг руската пејачка Јулија Самојлова да учествува во натпреварот „од далеку“, односно преку сателит, откако Украина и забрани на руската претставничка да влезе во земјата за да учествува на музичкиот фестивал.

– Понудата за учество од далечина го сметаме за чудно и го отфрламе, бидејќи апсолутно се коси со суштината на настанот – смета телевизијата.

Европската Унија на јавните сервиси (ЕБУ) претходно и понуди на Самојлова можност да учествува на евросонгот во Киев, во мај, со вклучување преку сателит.

– ЕБУ вложи напори да најде решение за ситуацијата и донесе одлука да понуди на телевизијата Јулија да учествува преку директно вклучување во второто полуфинале- се наведува во соопштението.

До колку би се квалификувала за големото финале, додава ЕБУ, истото решение би се применило и за тој дел од натпреварувањето. Првиот човек на натпреварувањето, се надева дека политичкото лодерство на Украина нема да ја спроведе забраната за патување за Јулија и дека ќе најде решение во насока на слоганот на натпреварувањето „Славење на различностите“.