Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Познат готвач фатен на дело-камерата "случајно" го фати како прави линија

Видео: Познат готвач фатен на дело-камерата "случајно" го фати како прави линија

Словачката телевизија “Маркиза” за време на едно гостување во живо во утринската програма “Телерано” освен што снима емисија во живо има и сопствена кујна со готвач, додека се презентират инфорамции воедно се готви храна. Нормално режијата како и по обичај ја префрла сликата кон кујната како и секое утро, но во вторникот камерата забележала чудна случка која директно ја виделе и гледачите, познат готвач е фатен како си прави линија.

Се работи за 36-годишниот Љубомир Херко, за кого по овој скандалозен настан од вторникот наутро, дури 85 проценти од гледачите фрлаат критики кон готвачот и сметаат дека треба да си замине од малите екрани, бидејќи повеќе не го сметаат за сериозна личност.

Иако не станува збор за дрга, туку за лажичка шеќер, оваа непријатна шега ќе ги чини многу и готвачот и вмешаните.
– Го сметаме ова за сосема несоодветна шега за какви нема место во нашата телевизиска мрежа- изјавиле од телевизијата, каде што дополнително кажале дека ова нема да остане неплатен долг и дека готвачот заедно со екипата ќе си ги сносат последиците.