Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманост(Видео) Повеќе од 600 кучиња спасени од сигурна смрт

(Видео) Повеќе од 600 кучиња спасени од сигурна смрт

Активисти од Кина запреа камион со повеќе од 600 кучиња кои требало да бидат заклани на кинескиот фестивал за јадење на кучешко месо.

Во градот Јулин се прославува контровезниот фестивал на кој секоја година се убиваат и јадат околу 10.000 кучиња и мачки и покрај протестите и петицијата потпишана од 11 милиони луѓе. Јадењето кучешко месо во Кина е традиција стара со векови, се проценува дека таму за консумација годшно се убиваат од 10 до 20 милиони кучиња. Овој фестивал поради својот брутален карактер секоја година наидува на голем број критики и осудувања, локалните активисти протестираат, а на национално ниво се обидуваат да се донесат  закони што ќе стават крај на оваа пракса, на локално ниво дури и се откупуваат дел од кучињата кои се наменети за консумација за време на фестивалот. Всушност, „фестивалот на јадење кучиња“ никогаш не бил официјално признаен од владата или од било какви законски регулативи, изјави едно официјално лице на градот. Од скоро дури постои предлог закон за заштита на животните во кинеската легислатива. И покрај ова  сé уште има голем број на луѓе кои го поддржуваат фестивалот и ги обвинуваат  активистите и критичарите за хипокризија.

The Guardian изјави дека Западњаците кои убиваат и јадат домашни животни во огромни бројки, немаат право да ја критикуваат кинеската традиција, пишувајќи дека „двојните стандарди во игра се безбројни, комплицирани и не секогаш очигледни“, и дека „веганите се единствените што можат да го критикуваат фестивалот без ризик од хипокризија“.

Сепак протестите за овој фестивал продолжуваат, активистите бараат поддршка од целиот свет и на секаков начин се борат против бруталноста кон животните. Доколку саката да потпишете петиција за укинување на овој фестивал, тоа може да го направите тука.

Погледнете како група на активисти спасуваат повеќе од 600 кучиња кои биле наменети за конзумација на фестивалот. Доколку сакате да донирате за спасените кучиња, тоа може да го направите тука.