Monday, Nov 18, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовеќе од 5.000 граѓани ја потпишале петицијата за оставка на ДИК

Повеќе од 5.000 граѓани ја потпишале петицијата за оставка на ДИК

dik sednica

Петицијата за оставка на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) досега ја потпишале повеќе од 5.000 граѓани.

„Бараме оставка на деветте членови на ДИК поради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа објавени на веб страницата на ДИК“ кои меѓу другото гласат:„Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа“, се вели во образложението за оставката.

Платата на членовите на ДИК се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари. Во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци и воопшто не ја информирале јавноста за тоа. Амбасадорот на САД ја посочи ДИК како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење.