Friday, May 17, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео) Неверојатно промашување на фудбалерите на Абердин!

(Видео) Неверојатно промашување на фудбалерите на Абердин!

Еден од најневеројатните промашување оваа година во светот на фудбалот, е дело на играчот на шкотскиот Абердин Мајлс Стори.

Овој напаѓач навидум имаше лесна работа пред голот на Инвернес. На левата страна пристигна употреблива топка, кој тој лесно требаше да ја смести во празната мрежа.

Сепак, тој успеа да го направи невозможното, и од само пола метар успеа да промаши колосална шанса. За среќа по Стори, Абердин го доби натпреварот минимално.

Кога ќе го погледнете видеото ќе видите дека ова често се случува на аматерски натпревар а не на овакво ниво прва Шкотска лига.