Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Нема мир во Турција – вооружените борби продолжуваат

Видео: Нема мир во Турција – вооружените борби продолжуваат

Борбите во полн ек, комуникацијата прекината. Сите канали за комуникација меѓу Турција и бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) веќе се затворени и нема никаква причина да се прекине вооружената борба, изјави еден од лидерите на ПКК во интервју за парискиот весник „Монд“.

– Затворени се сите канали за комуникација со турската држава. Ние веќе немаме никаков контакт и се враќаме во состојба на војна, истакна Џемил Бајак. Тој нагласи дека „турската држава веќе не е заинтересирана за преговори или решение, туку за елиминирање на курдското движење“.

Во последните денови турската армија изврши голема операција против ПКК во реон во југоисточниот дел на Турција, кој е главно населен со Курди, при што загинале над 100 лица.