(Видео + Фото) Од војник до прекрасен модел
На нејзиното тело се восхитуват повеќе од половина милион луѓе кои ја следат на Инстаграм. Хоуп Хауард шест години работела во воздухопловните сили на САД.
Освен со моделство Хоуп се занимава и со бодибилдинг. Хоуп на само 19 години отиде во Авганистан како механичар на американските воздухопловни сили. Тоа искуство како што таа самата вели, било едно од најлошите и најдобрите во животот.
“Ја носев пушката речиси 24 часа на ден”, рече Хоуп, која оружјето го замени со бикини и стана фитнес модел, која одсекогаш сакала.