Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Драма на аеродромот во Дубаи: Експлодира авион со 270 патници

(Видео) Драма на аеродромот во Дубаи: Експлодира авион со 270 патници

Авион на компанијата „Емирати“ со 270 патници, денеска се урнал при слетувањето на аеродромот во Дубаи. Авионот експлодирал додека слетувал на аеродромот.

Според првите информации авионот ЕК521 се урнал околу 12:45 часот по локално време, а дошол од Индија.

Сите патници се „безбедно евакуирани и никој не е повреден“, наведе на Твитер Канцеларијата за односи со медиумите на Владата во Дубаи, иако на социјалните мрежи има тврдења дека „неколкумина се повредени“.