Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Демонстранти од „За заедничка Македонија“ со скандирања го блокираа Талат Џафери

Видео: Демонстранти од „За заедничка Македонија“ со скандирања го блокираа Талат Џафери

Демонстранти на вчерашниот протест на „За заедничка Македонија“ кои се движеа низ центарот на градот штом го забележаа службениот автомобил на пратеникот Талат Џафери од ДУИ решија да го блокираат патот и да не му дозволат да влезе на паркингот кон Собранието.

Голема фама крена видеото кое е направено од некој учесник на протестот бидејќи на истото се гледа како насобраната група на луѓе скандира кон пратеникот Џафери, но на делови тонот е исклучен, а наводно токму на нив се извикуваат погордни зборови и навреди на етничка основа.