Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Човекот кој плива со крокодили

Видео: Човекот кој плива со крокодили

Чито е невобичаен рибар од Коста Рика и единствен во светот кој може слободно да плива со крокодил без да биде нападнат од дивото животно кое е еден од најмоќните предатори на планетата. Чито почнал да се грижи за повредениот крокодил кој не можел сам да се храни, но вели дека му требало многу повеќе грижа и му подарил едноставно љубов.

man_who_swims_with_crocodiles2

Крокодилот постепено го прифатил присуството на Чито и на тој начин е создадена неверојатна врска на пријателство. Чито раскажува дека за градење целосна доверба биле потребни три години и сега знае како дише крокодилот, кога да му се тргне од патот, а кога да му се доближи за заедно да пливаат, навистина неверојатно.

Во продолжение погледнете и исечок од документарниот филм за „Човекот кој плива со крокодили“, дело на Wild каналот.