Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУште еден удавен мигрант во Бодрум, рибар пронашол тело на 4-годишно девојче

Уште еден удавен мигрант во Бодрум, рибар пронашол тело на 4-годишно девојче

Беспомошно тело на четиригодишно девојче е пронајдено во водите покрај островот Каталада од страна на турски рибар, пишува турскиот весник „Хуријет“. Девојчето е идентификувано како Сена,а рибарот ја пронашол заглавена меѓу карпите кое најверојатно се удавило при обид да стигне до територијата на Грција.

Немилиот настан потсетува на оној со пронајденото тело на мигрантот Ајлан Курди кое, исто така беше пронајдено во Бодрум пред два месеци. Телото на малата Сена е предадено на припадниците на граничнте служби.