Tuesday, Mar 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулВидео: Англиско руска војна во Марсеј, градот во хаос

Видео: Англиско руска војна во Марсеј, градот во хаос

Центарот на француски Марсеј денес повторно наликуваше на воено поле, откако дојде до нови, до сега најжестоки судири помеѓу навивачите на Русија и Англија. Полицијата беше приморана да употреби чадни и шок бомби за да ја смири ситуацијата која во овие моменти според последните информации е ставена под контрола.
tepacka
По немилите сцени сега се бројат повредените кои ги има во голем број, а на кои им се укажува прва помош. Според информациите подебелиот крај го извлекле Англичаните, додека во ист момент поддржувачите на Русија се фалат со запленетите трофеи.
tepacka4
По инцидентот во центарот на Марсеј еден навивач на Англија на возраст од 50 години по здобиените тешки повреди се бори за својот живот. Веќе по интернет започнаа да кружат информации дека несреќниот Англичанец подлегнал на повредите и починал, но сето тоа е неофицјално. Она што е сигурно и што е потврдено е дека тој е згрижен во клиника во Марсеј, каде што докторите се борат за неговиот живот.
tepacka2
Бројот на повредени е и тоа како голем, па несомнено немилите сцени вечерашниот дуел помеѓу Англија и Русија ќе го фрлат во втор план.
tepacka5