Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Албанија прави туристичка атракција од воената комунистичка база

Видео: Албанија прави туристичка атракција од воената комунистичка база

Островот Сазан, некогашна воена база од добата на комунизмот, преполн со бункери и тунели, ќе стане нова туристичка атракција на Јадранското море – пишува Независне новине.

Овој мал остров, на површина од неколку квадратни километри, се наоѓа на влезот на Валонскиот залив на југозападна Албанија и е стратешка точка во Отрантскиот канал, кој го разделува Јадранското од Јонското море. Низ историјата бил на мета на разни војски – римска, османлиска, грчка, италијанска, па дури и германска.

Овој пат, островот ќе стане туристички. На неговата земја има бујна вегетација со борови шуми, смокви и други растенија опкружени со тиркизно сина вода. Иако постојат многу срушени згради, расфрлани кревети и муниција, албанските заедно со француските експерти ќе го направат привлечно за сечиј турист.

– Ова е голема задача, но голема е и нашата амбиција. Сазан ќе им понуди на туристите мистерии од комунистичката Албанија и богато културно-историско наследство од Медитеранот, изјави Орон Таре, директорот на националната агенција за крајбрежје.