Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Верижна експлозија уништи над 400 возила на паркинг во Португалија

(Видео) Верижна експлозија уништи над 400 возила на паркинг во Португалија

Паркингот на португалскиот музички фестивал под отворено небо, „Андансаш”, започна да личи на бојно поле откако шумски пожар уништи 422 автомобили, пренесува БТА.

Полицијата потоа изврши увид на местото, а сè уште трае проценката на штетите, коишто се очекува да бидат прилично високи.

Музичарот Педру Мештре изјави пред репортерите од ТВИ, дека возилата експлодирале едно по едно, како пуканки, додека стихијата беснеела на паркингот.

Властите соопштуваат дека нема настрадани во пожарот. Тоа се должи на навремената евакуација на околу 4.000 лица присутни на фестивалот во округот Порталегри.