Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМарез ги напушта “лисиците”, на мета на Барса и клубовите од Лондон

Марез ги напушта “лисиците”, на мета на Барса и клубовите од Лондон

Фудбалерот на Лестер Ријад Марез, изрази желба да ги напушти редовите на клубот, со кого минатата сезона ја освои Премиер Лигата, пишуваат британските медиуми.

Слична ситуација беше и претходното лето, тој беше поврзуван со Арсенал, но алжирецот се одлучи да остане на “Кинг Пауер“ како би можел со “лисиците“ да игра во Лигата на Шампионите.

Островските медиуми известуваат дека неговото заминување на крајот од сезоната е веќе сигурна работа, а за неговите услуги заинтересирани се неколку клубовикако Арсенал, Челзи, Тотенхем и шпанската Барселона.