Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер пронајде дефанзивец во Шпанија!

Венгер пронајде дефанзивец во Шпанија!

Како што пренесуваат англиските медиуми Арсен Венгер ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Валенсија Шкордан Мустафи. Тешката повреда на Пер Мертезакер го приморала „професорот“ да реагира и да побара дефанзивец на пазарот, а изборот паднал на германскиот репрезентативец. Во договорот на 24-годишниот Мустафи постои дел од откупната клаузула кој изнесува 50 милиони евра, но Валенсија наводно е подготвена за преговори.

Според овие извори, „Топџиите“ се подготвени да понудат 23.3 милиони фунти за овој трансфер, плус дополнителни 8.4 милиони доколку се остварат одредени бонуси. Мустави денес се врати на тренинг со тимот на Валенсија откако доби продолжен одмор поради учеството на Европското првенство во Франција.

Заминувањето на Островот за него не би требало да претставува голем проблем бидејќи три години беше член на Евертон. Сепак, не доби вистинска шанса на „Гудисон парк“ па мораше да замине. Шкордан Мустафи е наследник на Мертезакер во репрезентацијата, па ќе видиме дали и во Арсенал токму тој ќе биде неговата замена сега кога Мертезакер е повреден.

mustafi