Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер подготви 65 милиони за одличниот Германец?!

Венгер подготви 65 милиони за одличниот Германец?!

Венгер планира да доведе уште еден уште еден офанзивен фудбалер, но не и класичен напаѓач? Се чини дека од Игуаин нема да има ништо, наводно Наполи бара 75 милиони и Жиру за Аргентинецот, што за Арсенал е премногу. Мората ќе остане во Реал, а Венгер своето внимание изгледа го сврте кон Хулијан Дракслер. Волфзбург не попушта, но како што пренесуваат англиските медиуми Арсенал е подготвен да издвои сума до 65 милиони евра за германскиот репрезентативец.

Julian-Draxler

Тоа јасно значи дека во самиот шпиц нема да менува ништо, а се појавија и шпекулации дека ова е вовед во продажбата на незадоволниот Алексис Санчез. Сепак, таков расплет е тешко замислив, понудата од Јувентус беше одбиена, „Топџиите“ јасно стацивија до знаење дека немаат намера да продаваат никој од своите клучни играчи.

Венгер после евентуалното доведување на Германецот, би можел да ја засили последната дефанзивна линија во тимот, а се посилни се шпекулациите дека го меркаат својот поранешен капитен Вермален, кој не се наигра во Барселона и би требало да си замине ова лето.

Draksler