Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВелес доби мост во збратимениот хрватски град Самобор

Велес доби мост во збратимениот хрватски град Самобор

Велес доби мост во своја чест во збратимениот хрватски град Самобор. Минатата недела градоначалникот на Самобор Крешо Бељак и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев заедно ја откриле плочата на која пишува „Мост на градот Велес“.

– Трајната поврзаност на двата града влече корени од далечната 1939 година, кога Кочо Рацин основоположникот на македонската современа поезија во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор ја отпечати збирката поезија „Бели мугри” во четири илјади примероци, изјави Дуњамин Мехмед портпарол на Општина Велес.
most grada velesa2Повелбата за трајна соработка меѓу двата града, Самобор и Велес е потпишана во 1977 година. Во таа насока е и одлуката донесена во 2012 година за именување на мост по името на пријателскиот град Велес. Инаку, градоначалникот Чадиев ја искористил посетата и за средба со членовите на македонската заедница во Република Хрватска.