Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВечерва Ренова на мегдан со Дачија Чисинау

Вечерва Ренова на мегдан со Дачија Чисинау

Екипата на Ренова вечерва од 21 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје против тимот од Молдавија Дачија Чисинау го игра првиот натпревар од стартното квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Нема зошто да стравуваме од противникот. Треба само да веруваме во нашиот квалитет и со максимален ангажман да атакуваме на победата. Јасно е дека Дачија не е несовладлив тим. Изминатава пролет покажавме дека нашата сила е во тимот, единството на теренот, и тоа треба да не води и до победа на првиот натпревар. Се согласувам дека ќе биде добро да стигнеме до победа без примен гол“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Ренова, Ѓорѓи Мојсов.

Ренова својата шанса ја гледа во воиграноста. Оваа екипа го има истиот „костур” на тимот веќе подолго време, а како главни протагонисти на тимот се играчите Агрон Мемеди, Фисник Нухиу и Изаир Емини.

емини

Од друга страна Дачија е тим кој последните две сезони редовно го минува првото квалификациско коло во Лигата на Европа, а во сезоната 2011/2012 ја претставуваа својата земја во квалификациите за шампионската лига.

„Гипсарите“ ветија офанзивна игра без примен гол. Доколку успеат во истото шансите за пласман во второто коло значително ќе им се зголемат.