Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп: Сите мислеа дека ќе загубиме 4:0

Клоп: Сите мислеа дека ќе загубиме 4:0

Foto: Getty images

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп е голем оптимист за пласман во полуфиналната рунда од Лига Европа после првиот одригран натпревар на гости во Дортмунд. На неговото прво враќање во Дортмунд после заминувањето минатото лето, Ливерпул ремизираше со германскиот клуб со резултат 1:1, во првиот натпревар од четвртфиналната рунда во Лига Европа. Иако Борусија беше поопасен противник на почетокот на натпреварот, сепак Ливерпул прв стигна до водството преку Дивок Ориги во 36 минута од натпреварот. Само три минути после почетокот на второто полувреме Матс Хумелс постигна гол со глава за изедначување на резултат и поставување на конечните 1:1.

„Сигурен сум дека сите мислеа дека ќе загубиме со 2,3 или 4:0. Но во еден момент ја имавме Борусија во своите раце, бевме брилијантни. Не сме многу далеку од најдобра форма, не можеме да играме на нивно ниво, но можеме да се браниме и да постигнеме погодок, па доколку го можеме тоа можеме и да победиме“, изјави Јирген Клоп. Клоп многумине ги изненади и со одлуката во прва постава да го постави Дивок Ориги наместо Даниел Стариџ. „Дивок беше создаден за овој натпревар поради тоа што со својата игра може да избори многу простор“, вели Клоп.