Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАВечерва ќе паѓаат Ориониди, бидете дел од спектакуларниот метеорски дожд

Вечерва ќе паѓаат Ориониди, бидете дел од спектакуларниот метеорски дожд

„Ѕвездите кои паѓаат“ или поинаку наречени Ориониди ќе имате можност да ги проследите вечерва и рано наутро, на областите каде што има слабо осветлување

Секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од Халиевата кометата која резултира со вистински осветлен дожд од метеори. Се претпоставува дека оваа година во околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.

За да го видите ова спектакуларно чудо, нема да имате потреба од никаква посебна оптичка опрема. Треба да го следите југоисточното небо, под услов тоа да е чисто, и да не бидете опкружени од вештачко осветлување.