Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Вчерашни вести“ во новата Влада – Аврамовска во Финансии, а Бубо Каров советник на Поповски

„Вчерашни вести“ во новата Влада – Аврамовска во Финансии, а Бубо Каров советник на Поповски

Љупчо Бубо Каров од денеска е надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Како што соопштија од Владата, неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата.

Од денеска и Јована Аврамовска од „Вчерашни вести“ е нова портпаролка на Министерството за финансии. Таа претхдно работела во утринската програма на „Сител“, а дипломирала на Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што професор ѝ бил актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски.