Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУставниот суд на Косово го сопре формирањето Заедница на српски општини

Уставниот суд на Косово го сопре формирањето Заедница на српски општини

Уставниот суд на Косово ја сопре реализацијата на договорот со Србија кој требаше да му обезбеди поголеми права на српското малцинство. Договорот доведе до двомесечни тензии помеѓу власта и опозицијата во Косово, а во парламентот неколку пати се фрлаа солзавци и јајца.

Опозицијата е и против договор со Црна Гора за границата. Мерките не можат да бидат претворени во закон, додека не бидат усвоени од парламентот. Шефот на државата Атифете Јахјага ја поздрави одлуката што „само ја запира примената на договорот до донесување на конечна одлука од судот“.

Претседателката истакна дека Косово останува ангажиранo во дијалогот со Србија и во однос на примената на договорите постигнати во Брисел, за нормализирање на врските помеѓу двете земји. Опозицијата истакна дека не му се доверува на судот, бидејќи е поврзан со владата. Таа се закани дека ќе продолжат протестите. Нема да има нормално функционирање на државните институции додека трансакциите со Србија и Црна Гора не се повлечат, се истакнува во соопштението.

Европската комисија (ЕК) не даде коментар на одлуката на властите во Косово да го суспендира договорот за формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), но порача дека и Приштина и Белград се одговорни околу спроведувањето на делот од Бриселскиот договор, кој се однесува на ЗСО, пренесуваат српските медиуми.