Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставната судијка Габер Дамјановска со збирка издвоени мислења: Во одбрана на Уставот

Уставната судијка Габер Дамјановска со збирка издвоени мислења: Во одбрана на Уставот

Уставната судијка, Наташа Габер – Дамјановска своите издвоени мислења по одлуките на мнозинството во Уставниот суд да не поведат постапка за уставноста на законот за абортус, членови од законот за клевета и навреда, за лустрацијата, изборниот законик, за начинот на избор на тројца пратеници од дијаспората, за денационализација, експропријација, но и за измените на ДУП-от “Долно Водно“ од 2012 година за кои јавноста подоцна слушна во бомбите на опозицијата, ги објави во збирка: “Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности“. Збирката од 16 издвоени мислења на Габер-Дамјановска вчера беше промовирана и таа е веќе достапна за сите граѓани.

„Лустрирањето на пензионери, починати и други лица кои реално не можат повторно да извршуваат јавна функција е апсурдно, непримерно и неетичко. Истовремено, тие не можат да го остварат своето право на одбрана од актот на Комисијата за верификација на факти.“

„Законот за абортус ја става жената во состојба да биде во трка со времето и со роковите. Наместо државата да го гарантира остварувањето на ова право, таа суптилно го ограничува.“

Ова се две од четириесетина издвоени мислења или несогласувања со одлуката на мнозинството во Уставниот суд, поднесени од судијката, Габер Дамјановска. Судијката вели дека сите позначајни прашања од општествениот и од политичкиот живот, стигнуваат пред Уставниот суд, а тој е должен да ги расчешла во интерес на граѓаните.

Уставното судство настанало во почетокот на 19-от век, како еден вид појас за спасување од повредите врз правдата. Затоа уставните судови треба да ги красат самостојност и независност, велат рецензентите: професорката Каролина Ристова-Астеруд и поранешниот претседате на Уставниот суд Трендафил Ивановски – пренесува Телма. Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева и дел од уставните судии не беа присутни за да ги слушнат овие критики.