Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Бомбите“ не ме дисквалификуваa да судам, вели судијката Петровска

„Бомбите“ не ме дисквалификуваa да судам, вели судијката Петровска

Тоа што ме има во бомбите, не ме дисквалификува да судам, изјави судијката Лидија Петровска на завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“, што се одржува во Скопје.

На прашање дали ѝ е непријатно да седи до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, таа рече дека не ѝ е непријатно да седи до своите колеги.

Иако СЈО бараше нејзино изземање од нивните предмети, Петровска рече дека нема да се жали на новиот распоред според кој ќе суди стопански криминал.

Вчера новиот претседател Иван Џолев направи нов годишен распоред на судии во кривичниот суд. Повеќето од судијките што беа споменувани како „сваровски“ во прислушуваните материјали од тефтерчето на ексминистерката Гордана Јанкуловска, наместо предметите на СЈО, ќе судат во одделот за прекршоци. Тоа значи дека со измените некои предмети ќе почнат од почеток.