Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети бара измена на Уставот и албанскиот јазик да биде и за меѓународна употреба

Ахмети бара измена на Уставот и албанскиот јазик да биде и за меѓународна употреба

Лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата, Али Ахмети излезе со со ново барање за албански јазик, јавува „ТВ24“, пренесувајќи ги неговите ставови изнесени во интевју за порталот „Пост.мк“

Ахмети бара измена на Уставот со која ќе се овозможи албанскиот јазик да биде и за меѓународна употреба. Лидерот на ДУИ вели дека законот за јазиците е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

– Охридскиот договор. Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран. Зошо албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив- вели Ахмети.

Ваквите ставови на Ахмети се спротивни на неговиот коалициски партнер, премиерот Зоран Заев, кој во изјава за истиот портал вели дека со законот за албанскиот јазик става точка на формалниот и легислативниот дел од Рамковниот договор.

Дури и американскиот амбасадор Џес Бејли во последното интервју за „Алсат-М“ рече дека законот за јазиците треба да во согласност со Охридскиот договор.