Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУште три лица хоспиталиирани на Инфективно со исти симптоми како починатите

Уште три лица хоспиталиирани на Инфективно со исти симптоми како починатите

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќањe.

Како што јавува „Република“, тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика.

Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.