Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште една жртва на бесните кучиња во кичевското село кои усмртија мало дете

Уште една жртва на бесните кучиња во кичевското село кои усмртија мало дете

Повторно напад од кучиња во истото село. Откако Македонија беше потресена од смртта на малиот Џеваир, денеска уште еден случај, за среќа не толку трагичен.

Во 21,50 часот од СВР-Охрид сме известени дека околу 17,00 часот во с.Бачишта, од куче-скитник била нападната Љутвие Бешири (1960), во пределот на десната рака. Истата била пренесена во МЦ-Кичево, каде и била укажана лекарска помош и се констатирани телесни повреди, а потоа е пуштена на домашно лекување – велат од МВР.