Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Автобус усмрти 12 лица во Анкара

Видео: Автобус усмрти 12 лица во Анкара

Најмалку 12 лица загинаа денеска во Анкара кога автобус удри во постојка, јавија турските медиуми. Повредени се најмалку седум луѓе, кои чекале автобус на постојката во квартот Дикимеви.

Според дел од турските медиуми автобусот удрил во постојката поради откажување на сопирачките. На местото на несреќата имало и тензии меѓу насобраниот народ и полицијата. Припадниците на безбедносните сили употребиле солзавец за растурање на насобраниот народ.