Уште еден сончев ден пред викенд заоблачување
Денес исто така ќе може да уживате во пријатните временски услови со многу сонце кое ќе не следи од самото утро со просечни температури над 10-от степен, додека пак напладне и поручек ви препорачуваме да излезете и со облека со кратки ракави. Дневниот максимум е предвидено да достигне 26 степени, а нешто пониски температури ќе има во западниот дел на државата и повисоките планински места.