Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУште еден куќен притвор за „Транспортер“

Уште еден куќен притвор за „Транспортер“


Судиjа на претходна постапка на Ј.Ј. од Битола сопственичка на транспортна фирма, осомничена во аферата „Транспортер“ и изрече мерка на претпазливост куќен притвор. бидејќи е проценето дека таа ќе може да избега, да влијае на сведоци или пак да ја попречи истрагата. Ова е втор одреден притвор од случајот „Транспортер“, а досега се испрашaни вкупно 8 лица.
На три лица им се одземени патните исправи бидејќи има ризик да ја напуштат државата, а вкупно 22 лица се осомниченi за оштетување на општинскиот буџет на Битола при склучување на скапи договори за превоз на ученици.