Saturday, May 11, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУште еден европски гигант се вклучи во трката за Ибрахимовиќ!

Уште еден европски гигант се вклучи во трката за Ибрахимовиќ!

Според најновите информации сега и Карло Анџелоти го посакува Ибрахимовиќ! Како што пренесуваат англиските медиуми, Баерн Минхен влегол во трката со Манчестер Јунајтед за потписот на Златан Ибрахимовиќ. Анџелоти бил загрижен околу тоа дека Левандовски може да ја прифати понудата на Реал Мадрид, па смета дека Ибрахимовиќ може да биде адекватна замена. Иако ова не е во склоп со филозофијата на баварскиот клуб, Анџелоти смета дека доколку Пољакот замине, Ибрахимовиќ би бил најдобро решение.

Имено, Ибрахимовиќ оваа година ќе наполни 35 години и повеќе од јасно е дека не му преостанува повеќе од сезона или две врвен фудбал. Ибрахимовиќ е голема желба на Жозе Мурињо, а покрај Баерн, никој од другите европски екипи не е во трката за потпис на Швеѓанецот, бидејќи Милан се откажа од борбата. Јасно е дека Јунајтед може да му понуди поголеми примања, но клучен фактор би можела да биде Лигата на шампионите, во која Баерн Минхен догодина сигурно ќе биде еден од најголемите фаворити за нејзино освојување.