Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште еден Битолчанец пронајде неексплодирана граната во својот двор

Уште еден Битолчанец пронајде неексплодирана граната во својот двор

Уште еден Битолчанец пронајде неексплодирана граната во својот двор. Гранатата е пронајдена во петокот околу 17:30 часот во селото Крклино, во двор од куќа сопственост на С.Б., а при изведување на градежни работи.

Од МВР информираат дека се работи за неексплодирана артилериска граната која потекнува од Првата светска војна. Гранатата од местото на настанот е подигната од Дирекцијата за заштита и спасување.