Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео: Хорор во стан во Баварија, жена пронашла мртви бебиња

Видео: Хорор во стан во Баварија, жена пронашла мртви бебиња

Тела на седум мртви бебиња се пронајдени во стан во баварскиот град Валенфелс, соопшти БТА.

Според официјалниот извештај, една жителка на градот го пронашла телото на едно од бебињата, а полицијата кога дошла на терен ги пронашла и останатите шест мртви бебиња. Поради лошата состојба во која се донесени мртвите тела, ќе бидат подложени на подолгорочна анализа во судска медицина, со што за резултати ќе се дојде најрано за една недела.