Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште една неексплодирана граната пронајдена во Битолско

Уште една неексплодирана граната пронајдена во Битолско

Уште една неексплодирана артилериска граната од Прва светска војна пронајдена е вчера во нива во село Егри, Битолско.

Како што соопшти МВР, Љ.П.(49) од село Породин вчера во 08:40 часот во СВР-Битола, пријавил дека гранатата ја пронашол при обработка на земјоделско земјиште во село Егри. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во 09,10 часот, гранатата била безбедно подигната.

Битолско лежи на гранати. Во изминатите месеци пријавени се голем број случаи кога граѓаните при изведување градежни работи наоѓаат неексплодирани гранати.