Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАГимназија или стручно: Започнаа уписите во средно

Гимназија или стручно: Започнаа уписите во средно

Гимназија со угледно реноме или пак избор на средно стручно школо ќе биде главна дилема за полуматурантите кои наредните денови ќе ги поднесуваат документите за упис во средните училишта низ Македонија.

sredno skolo upisi

Во последните неколку години анализите на пазарот на трудот велат дека потребен е стручен кадар, пособено занаетчии, мајстори, работници, односно кандидати со конкретни вештини. Гимназиското образование пак, нуди свои бенефити, особено ако се запишете во некоја од попрестижните, но реално учениците ќе треба повеќе да се посветат на јазични или математички вештини, за да го продолжат високото образование во соодветната облат и на тој начин да го формираат своето професионално резиме.

Неодлучните ќе имаат време до утре или задутре да одберат каде ќе го продолжат своето образование. На 24 јуни ќе бидат објавени резултатите, а потоа ќе бидат објавени и преостанатите слободни места кои традиционално досега беа во стручните средни училишта. Оваа година можеби ќе има промени со оглед на бројните апели на економските фактори за видот на работна сила која недостасува на македонскиот пазар на труд.