Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнБекамови не се разведуваат- заедно се и на модна недела

Бекамови не се разведуваат- заедно се и на модна недела

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам на Денот на вљубените ги демантираше шпекулациите дека по долги години се разведуваат. Тој ја поддржа својата сопруга на Модната недела во Њујорк, а од првиот ред ја бодреа и нивните четири деца.

Поранешната пеачка изгради дизајнерска кариера и стана позната по нејзините женствени креации за кој инспирација наоѓа во сопствениот стил. Како и секоја година, Дејвид ја следи секоја нејзина нова колекција, па така и овој пат.

“Се држев до она што го сакам и тие парчиња ги освежив и им додадов некој новитети. Сакав да покажам дека мојот личен стил се менува”  изјавила Викторија која е позната по тоа што редовни носи парчиња од нејзината колекција, бидејќи знае дека таа ќе им биде најдобра реклама.