Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДисциплинска казна за докторката на која и умреа четири бебиња

Дисциплинска казна за докторката на која и умреа четири бебиња

Лекарката на чиешто дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор на друг специјалист, ќе зема и пониска плата за 30 проценти. Ваква одлука донесе дисциплинската комисија.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, соопшти дека одлуката на дисциплинската комисија е дека докторката е казнета парично максимално и одземена и е субспецијализацијата во тој период.

Овие шест месеци, додека е казнета, ќе работи само од изутрина, под надзор на колеги и нема право да дежура во некоја друга установа, изјави Јовановска.

Членот на дисциплинската комисија, Сашо Стојчевски посочи дека не била утврдена стручна одговорност кај докторката од посебната комисија на Министерството за здравство.

Стручна одговорност кај докторката нема и одлуката се темелеше само на дисциплинската одговорност. Прекршокот е утврден, казната е доставена согласно прописите и законот. Сметаме дека ова би требало да биде соодветна казна на колешката која го има направено овој дисциплински пропуст, односно прекршок, додаде Стојчевски.